ООУ

#

Добродојдовте на веб порталот на ООУ "Браќа Миладиновци" с.Жван, Демир Хисар

Основното училиште "Браќа Миладиновци" се наоѓа во село Жван, на магистралниот пат кој ги поврзува општините Демир Хисар и Кичево. Училиштето има една централна зграда во која учат ученици од VI до IX одделение и каде се реализира предметна настава. Училиштето располага и со подрачни училишта во селата Жван, Сопотница, Слоештица, Вирово и Доленци

За Нас

Лична карта

Основното училиште “Браќа Миладиновци” се наоѓа во село Жван, на магистралниот пат кој ги поврзува општините Демир Хисар и Кичево.

Училиштето има една централна зграда во која учат ученици од VI до IX одделение и каде се реализира предметна настава. Училиштето располага и со подрачни училишта во селата Жван, Сопотница, Слоештица, Вирово и Доленци кадешто учат ученици од I до V одделение и каде се реализира одделенска настава.
Централната зграда располага со 4 училници за изведување на редовна настава, 1 училишна библиотека, кабинет по информатика, креативен центар за драмска секција и активности по музичко образование, спортска сала и игралиште и кабинет за работа со деца кои имаат посебни образовни потреби. Од неодамна во дворот е креирана мини “еко-училница” на отворено. Наставата се изведува на македонски јазик во една смена. Наставниот кадар го сочинуваат наставници од одделенска и предметна настава, а стручната служба е составена од следните вработени: директор, секретар, благајник, психолог, дефектолог и библиотекар. Техничката служба е составена од хигиеничари во централната зграда и во подрачните училишта. Училиштето е основано во далечната 1961 година, а со изведување настава започнало на 1-ви септември, една година подоцна. Во него учеле ученици кои денес се и познати имиња во светот на македонската книжевност: Петре М. Андреевски, Раде Силјан, Божин Павловски, Горјан Петревски и други.

Електронска адреса: brakamiladinovcizvan@yahoo.com
Контакт тел. 047 271 501/ факс 271501

Веб страна: http://brakamiladinovcizvan.com/

Мисија

Развивање на наставната практика која го промивира индивидуалниот развој и учењето и ги обучува учениците да бидат креативни, мултикултурни и морални творци на светот и превзема најразлични активности со кои подржува партнерски односи меѓу учениците, наставниците и родителите.

Визија

Нашата визија е да создадеме слободна работна атмосфера којашто ќе овозможи нормален психфизички развој на учениците и хармонични услови за секојдневна работа, изградување позитивен став кој учењето и кон се она што е поврзано со училишниот живот и соживот, градење соработка со учениците од другите етнички култури.

Документи